Новиот корпоративен идентитет и позиционирање на агенцијата The Big Now/mcgarrybowen беше презентиран во агенциските простории од страна на генералниот извршен директор Емануел Нена и ко-основачите и директори Алесија Огијано, Стефано Пагини и Масимилијано Чиеса.
Паоло Стучи, генерален извршен директор на Dentsu Aegis Network за Јужна Европа, пред вработените на агенцијата го претстави Гордон Бауен, основач и глобален претседател на mcgarrybowen, повеќепати наградувана меѓународна агенциска мрежа со седиште во Њујорк, активна во 15 локации ширум светот. Со приклучувањето на италијанскиот тим од преку 160 вработени во Милано и Рим, оваа светска мрежа ќе го зацврсти своето присуство на европскиот континент, покрај канцелариите во Лондон, Амстердам и Париз.
„Кога го запознавме тимот на The Big Now, бевме повеќе од импресионирани од нивната работа, култура и резултати. Италија е извор на креативност и иновација на меѓународно ниво. Многу сум среќен што посакуваме добредојде на The Big Now во семејството на mcgarrybowen и со нетрпение очекувам да ја демонстрираме силата на нашето партнерство пред нашите локални и глобални клиенти во иднина,“ истакна Гордон Бауен на настанот.
TRUE („вистинито“), BOLD („храбро“) и NEXT („следно“) се трите клучни зборови кои ја инспирираа новата насока во позиционирањето на The Big Now/mcgarrybowen, додавајќи суштина кон ветувањето до нивните клиенти преку видео-манифестот “Let Them Call You Lucky”, фокусирајќи се на заедничката соработка и негувањето на уникатноста на брендовите преку откривање и комуницирање на „неправедната предност“ со која тие се истакнуваат пред нивните конкуренти.
Let them call you lucky – The Big Now Manifesto from The Big Now on Vimeo.
„Денес ние преземаме понатамошен чекор напред, збогатувајќи ја нашата креативна понуда, од локално на глобално ниво. Ја прифаќаме мрежата mcgarrybowen затоа што нејзиниот агенциски модел го чувствуваме како близок, предводени од постојаната потрага по иновација и посветеност кон креативната ефективност. Во денешниот свет на комуникациите, вие сте „вистинити“ доколку работите со вистинити податоци и увид, додека останувате константно поврзани со вашата цел. Вие сте „храбри“ кога креативноста има храброст да биде чуена и да ги предизвикува медиумите. Вие сте „следното“ кога ги совладувате иновациите, а понекогаш и ги создавате. Никогаш не е чиста случајност кога ги постигнувате тие резултати доколку работите со страст, знаење и креативност,“ објасни генералниот извршен директор и основач на The Big Now/mcgarrybowen, Емануел Нена.
Основана во 2014 година, а дел од групацијата Dentsu Aegis Network од 2018 година, агенцијата The Big Now/mcgarrybowen сега ја трансформираше својата креативна понуда од локално на глобално ниво. По завршувањето на 2019 како „најдобрата година досега“, со раст во секој параметар (клиенти, обрт и добивка), агенцијата го консолидираше своето присуство на италијанскиот и меѓународниот пазар, предводени од константна потрага по иновации и креативна ефективност.
Новата меѓународна развојна насока на агенцијата ќе го влучува и специјализираниот оддел LOW, предводен од Масимилијано Чиеса, кој развива глобални проекти за оние клиенти кои високиот квалитет го поставуваат како своја компетитивна предност, интегрирајќи креативност, технологија, истражување и развој. Во претстојните месеци, LOW ќе го означи и своето влегување во францускиот пазар преку настан организиран во просториите на Dentsu во срцето на Париз.