Италијанските дизајнери Кјара Ривитузо и Матео Бастијани одлучија да го искористат отпадот и започнаа да прават ташни од пакувања за храна и пакети од Амазон.
Кјара и Бастиани отворија сопствено студио во 2011 година под називот Camera60, а наодамна започнаа да работаат на овај уникатен проект.
„Сакам да експериментирам и да правам ташни од необични материјали. Имавме намера повторно да ја искористиме пластиката на поинаков начин, затоа правиме ташни со користење на отпад, односно пакувања направени од хартија и пластика, а исто така користиме и кутии“, порачаа дизајнерите.
Во моментов, ташните не се на продажба, а дизајнерите сакаат да ги мотивираат луѓето максимално да ги искористат сите материјали што се достапни во домот.
„Сакаме да ги инспирираме луѓето да создаваат наместо да фрлаат и би сакале брендовите да ја прифатат оваа визија. „Луѓето сè повеќе се свесни за важноста на делување за подобра иднина“, додадоа дизајнерите.