Знаеме дека преработените („refurbished“) паметни телефони и друг хардвер е поевтина опција од купувањето на најновите уреди. Меѓутоа, голем број на луѓе мислат дека оваа заштеда доаѓа по цена на помал квалитет.
Според истражувањето на француската онлајн продавница за користена технологија, Back Market, повеќе од половина од Французите (52%) се скептични во однос на квалитетот на преработените уреди. Оваа бројка очигледно претставува проблем за компанијата која сака да ги „одомаќини“ преработените уреди меѓу француските потрошувачи.
Со цел да ја пренесе пораката дека преработените паметни уреди заштедуваат многу пари без да се жртвува квалитетот, Black Market заедно со агенцијата Marcel лансираa нова принт кампања во пресрет на објавувањето на новиот iPhone 11 од страна на Apple.
Кампањата претставува „спин“ на познатата „Shot on iPhone“ кампања на Apple. Од левата страна стои слика од далечина на некоја луксузна активност фотографирана со iPhone, додека пак од десната страна стои слика од истата луксузна активност, сликана со преработен iPhone, но како фотографот да е директен учесник во неа. Заштедата си носи придобивки.