Ива Таибер е назначена за нова директорка на одделот за Комуникации и маркетинг, како и за нов член на Управниот одбор на компанијата Nestle за Адриатик регионот, соопштуваат од компанијата.
Таибер има дипломирано на Универзитетот во Манчестер на одсекот економија и лингвистика а поседува и EMBA диплома од заедничката бизнис школа на „Ecole des Ponts ParisTech“ и Универзитетот во Единбург.
Во компанијата Nestle се приклучи во 2002 година а вво изминативе 14 години извршуваше повеќе клучни функции во компанијата. Така, своето професионално искуство, Таибер го има стекнато во оделението “Nestle Professional” а потоа и “Nestle Purina“, како раководител за Хрватска, Словенија и БиХ – се до преминот на новата функција.