После повеќе од 13 години работа во медиумската индустрија, Иван Челебиќ ја презеде функцијата директор на агенцијата UM Загреб.
Во текот на својата кариера, Иван Челебиќ ја водеше агенцијата UM Подгорица, а последните години ја извршуваше функцијата директор за медиа закуп во агенцијата UM Загреб. Соработуваше со бројни клиенти од различни категории како што се телекомуникациска индустрија, автомобили, играчки, финансии, медиуми и други. Иван е искусен водач на тим, вешт преговарач и медиумски стратег, кој постојано го подобрува работењето и на агенцијата и на клиентите, како и репутацијата на UM како посакуван работодавец.
„Имам голем чест да предводам исклучителен тим на UM Загреб, кој сега брои повеќе од 30 вработени. Знаењето на нашите луѓе е најголемата сила на нашата агенција и заедно работиме на континуирано подобрување на услугите за медиа планирање и закуп. Нашата цел е дополнително да ја подигнеме вредноста на кампањите и резултатите на нашите клиенти преку креативен пристап, имплементација на сè повеќе достапни агенциски алатки и стратешки решенија. Покрај сето тоа, ние инвестираме во иднината и создаваме можности за нови млади таленти и нивни вештини за дигиталните трендови кои доаѓаат“, рече Иван.