(РЕГИОН) – Ивана Галиќ, раководителката на маркетинг комуникации во Випнет и Никола Жиниќ, креативниот директор во агенцијата Bruketa&Žinić OM се именувани за членови на жирито за наградите Euro Effie 2014 год., европски награди кои се доделуваат на најефикасните и најуспешните маркетинг кампањи кои беа актуелни во земјите низ Европа.
Жирито на Euro Effie наградите се состои од низа професионалци од областа на маркетингот од цела Европа, а со него претседава Geof Seeley, глобалниот директор за комуникациско планирање во Unilever.
Галиќ и Жиниќ се избрани во жирито на овие ценети награди поради своето големо искуство во водењето на маркетинг кампањи и одлично познавање на Effie натпреварувањето, со што со своето знаење и стручност веруваме ќе придонесат во изборот на најдобрите агенции и огласувачи од цела Европа.
Хрватското издание на престижните Effie награди ќе се оддржи во склоп на националниот фестивал на огласување “Денови на комуникацијата“ кој ќе се оддржи од 15 до 18 Мај.
Покрај Галиќ и Жиниќ, од регионов дел од првата рунда на жирито се е Софија Кохен и Красимир Папазов од Бугарија, како и Тина Томажиќ од Словенија.
Целата листа на жирито за Euro Effie 2014 можете да ја погледнете на следниов линк http://www.euro-effie.com/html/judging-jury2014.asp