Ивана Козличиќ е именувана за нов маркетинг менаџер на компанијата MasterCard за пазарите од балканскиот регион (Македонија, Албанија, Бугарија, БиХ, Црна Гора и Србија).
Од компанијата соопштуваат дека богатото искуство од областа на маркетингот и комуникациите беше од пресудно значење за именувањето на новиот маркетинг менаџер.
Козличиќ има дипломирано на Факултетот за организациони науки на смерот за индустриски инжинеринг и во досегашната кариера има работено како маркетинг менаџер во Hewlett-Pacard во одделот за софтвер бизнис за Југоисточна Европа а определен период беше дел и од тимот на маркетинг агенцијата Пристоп.