Како што дознава Маркетинг365, досегашниот извршен директор на агенцијата МекКен Загреб, Г-дин Ивица Видовиќ си заминува од водечката позиција на агенцијата, не наведувајќи ги поконкретно причините на неговата одлука.
Во неговото писмо кое електронски го испрати до своите колеги, партнери и соработници, Видовиќ помеѓу другото напишал:
“Среќен сум и горд што ја имав приликата да учествувам во создавањето на една од првите меѓународни агенции во Хрватска и цела средно-источна Европа. Агенцијата многу брзо стана и еве остана една од најаките и најуспешни. Тоа што останува највредно во сето тоа е големиот број на млади, креативни и стручно оспособени луѓе кои ја поминаа школата на МекКен допринесувајќи не само на Агенцијата, туку се надеваме и на вашата успешност.
Ви се заблагодарувам на долгогодишната успешна соработка и Ви посакувам голем успех во иднина“ , притоа не наведувајќи ги конкретните причини зошто си заминува од чело на МекКен Загреб.
Ивица Видовиќ ја имаше улогата на Генереален Менаџер и Сениор креативен директор во МекКен Ериксон Хрватска од 1990 година, а во 2003 ја презеде позицијата на CEO и Сениор Креативен Директор за McCann-Erickson Group.
Освем раководната позицијата, тој беше на чело на креативниот тим на McCann и како концептуалист и супервизор “кумуваше“ на многу признати и наградени идеи, производи и кампањи.
Во повеќе наврати бил член на меѓународи жириа на фестивалот Голден Драм во Порторож, како и во многу други стручни фестивали и комисии на натпреварувања што му ја донесе и титулата амбасадор на Голден Драм Фестивалот во Хрватска.
Ивица има ангажмани и како визитинг предавач на неколку Загребски факултети, меѓународни стручни симпозиуми и фестивали. Член е на IAA и потпретседател на хрватскиот огранок на оваа асоцијација.
Исто така,Видовиќ е основач и претседател на Art Directors Club Croatia.
Видовиќ е втор директор од регионалната мрежа на МекКен кој си заминува од челната позиција, откако пред неколку месеци и Амира Хорозич ја напушти челната позиција во МекКен Ериксон Сараево.