Publicis Groupe со задоволство го најавува доаѓањето на Иво Пејер како генерален креативен директор во Хрватска – потег што дополнително ја зајакнува посветеноста на агенцијата кон врвна креативност и обезбедување исклучителни решенија за клиентите.
Пејер ја започна својата кариера како новинар и драмски писател, и токму оваа страст за раскажување приказни и разбирање на емоциите во комуникацијата го обликуваше неговиот креативен пат. Тој успешно ги пренесе своите вештини за пишување во светот на маркетингот, каде што брзо ја препозна моќта на наративот и моќта на визуелната креативност.
Неговата агенциска кариера започна во студиото Public Image, а продолжи во агенциите BBDO и Bruketa&Žinić&Grey, каде што имаше можност да работи на некои од најважните брендови во индустријата. Помеѓу агенциските ангажмани, тој соработувал со други креативни тимови, а меѓу позначајните проекти се оние реализирани во соработка со Superstudio, со кои освоил неколку награди.
Во текот на својата кариера, Пeјер учествувал во креирањето на бројни комуникациски решенија и освоил голем број престижни награди, како што се „Epica“, „Cresta“, „Red Dot – Best of the Best“ и многу други, а воедно претставува и единствениот хрватски креативец кој може да се пофали со два освоени „лавови“ од Cannes Lions.
Како генерален креативен директор, Пејер ќе ги води креативните тимови на агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi, осигурувајќи дека секој проект – без разлика дали е за Karlovačko, L’Oréal, Samsung, Visa, Uniqa osiguranje или кој било друг клиент – ќе биде испорачан со јасна идеја, емоција и совршена изведба.
„Креативната извонредност е еден од столбовите на нашата стратегија за развој, а Иво со својот талент и искуство доаѓа токму во периодот кога ќе бидеме уште поактивно ангажирани во креативните амбиции. Верувам дека ќе биде возбудливо за нас“ – истакнува Александра Дилевска, генерален извршен директор на Publicis Groupe во Хрватска и Македонија и генерален оперативен директор на Publicis Groupe Adriatic.
„Не ја гледам Publicis како само уште една агенција, туку како креативен екосистем каде што идеите, технологијата, податоците и медиумите се испреплетуваат – и се трансформираат во комплетни комуникациски решенија. Затоа овој чекор ми изгледа како значајно и инспиративно продолжение на мојата кариера. А, понекогаш можеби ќе одам и на службено патување во Париз“ – вели Пејер.
Овој нов професионален чекор претставува голем предизвик за Пејер, а за Publicis Groupe почеток на уште еден возбудлив период – период во кој агенцијата е решена да ги подигне креативните стандарди и да продолжи да постигнува извонредни резултати за своите клиенти.