Вториот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2016 ќе биде оддржан на 2-ри и 3-ти март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград.
Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од овој тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областа на маркетингот, односите со јавност и дигиталните комуникации од компаниите и агенциите.
Темите на вториот регионален форум на комуникациски лидери ќе бидат насочени на трендовите во интегрираните комуникации, за што ќе зборуваат претставниците на најголемите домашни агенции и компании. За состојбата на пазарите за маркетинг комуникации во земјите во регионот ќе зборуваат претставници на агенции од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ. Теми на форумот ќе бидат и што всушност продаваме – стратегија или/и идеја и што клиентите ценат повеќе, како и дали на маркетинг стручњаците им е место во топ менаџментот во компанијата и како да го освојат.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен и на поттикнувањето дојалог помеѓу агенциите и компаниите, преку различни типови на интерактивни работилници. За време на траењето на форумот, своите студии на случај ќе ги претстават компаниите: LOREAL Adria-Balkan, Vojvođanska banka, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA osiguranje, Societe Generale banka, Infostud, Ušće Shopping Centar и многу други.
На форумот IZAZOV 2016 ќе бидат претставени и резултатите од истражувањето за состојбата на професијата во регионот кое заедно го спроведоа Marketingmreza i истражувачката агенција MASMI.
“Вмрежувањето и деловното поврзување е тренд и предизвик број еден веќе неколку години, а така ќе биде и во 2016.Границите на државите в кои работиме ни стануваат тесни, побарувањата на пазарот и потрошувачите се се поголеми, а буџетите се се помали. Многу од предизвиците со кои нашата професија се соочува денеска се последица на глобалните промени, трендови и тенденции, но и локални или регионални околности, на кои можеме да влијаеме. Затоа е неопходно преку различни бизнис настани да ги поврзуваме комуникациските стручњаци, да им обезбедиме конструктивен дијалог и размена на искуства, како би се укажало на предизвиците и трендовите во професијата, но и како би се работело на практичното унапредување на знаењето на стручњаците и нивното вмрежување”, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, кој е организатор на форумот IZAZOV 2016.
Пријавувањето за учество на форумот трае до 12 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs