На секој четврти комуникациски стручњак во Србија некогаш му бил понуден надомест, кеш или нешто слично за услуга или помош, и тоа најчесто за промоција во медиумите, покажува резултатот на најновото истражување кое е спроведено од страна на порталот Marketing mreža, во соработка со агенцијата MASMI Белград.
Повеќето испитаници одговориле дека злоупотребата на рабатот е најзастапен во питчевите и добивањето на работа (43%), како и во медиските услуги и огласувањето (33%). Од друга страна, половината комуникациски стручњаци сметаат дека рабатот е легално “мито“ во адвертајзинг индустријата, четвртина се воздржани, а додека останатата четвртина не го доживуваат рабатот на тој начин.
Исто така, испитаниците сметаат дека пред се`, стручните здруженија и групациите на агенции и огласувачи, треба да го регулираат, пропишуваат и контролираат рабатот во адвертајзинг индустријата. Анализата по земји покажува дека во Словенија сликата е поинаква – дури половина сметаат дека за регулирање на рабатот треба да бидат задолжени државните институции ( за разлика од Србија, каде тоа го очекуваат само 12%).
Секоја трета компанија, која учествувала во ова истражување, тврди дека најголемиот рабат кои го добиле од агенциите за некоја услуга е помеѓу 20% и 40%. Понекогаш, кога инсистираат, агенциите им даваат информации за рабатот кои тие го добиваат од своите добавувачи, потврдиле 35% од испитаниците од компаниите. Дури 26% од нив, никогаш не добиле вакви податоци од своите агенции, а за 13% ова не е тема на разговор со агенциите.
Меѓутоа, кога се прашуваат агенциите, секоја трета тврди дека најголемиот рабат кој го понудиле на компаниите бил под 20%.
Истражувањето е спроведено на примерок од 206 професионалци во шест држави од регионот, а испитаниците се стручњаци од областа на маркетинг и односите со јавност, вработени во агенции и компании. Резултатите се претставени на третиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2017, кој се одржа на 1 и 2 март во Белград, во организација на поратлот Marketing mreža.
Учесниците на панелот “Игра на доверба”, кој е одржан на форумот IZAZOV 2017, се сложиле дека двонасочната комуникација помеѓу клиентите и агенциите е најважна и е суштинска основа за соработка. “Важно е двете страни да бидат искрени и јасни кога се во прашање очекувањата. Соработката на клиентите и агенциите би требало да е заснована на доверба и важно е двете страни да бидат свесни дека работат заедно заради остварување на иста цел“, е заклучокот од овој панел.
Покрај овие теми, на форумот IZAZOV 2017, се зборуваше и за трендовите во интегрираните комуникации, состојбата на медискиот и маркетинг пазарот во земјата и регионот, во која меара сме подготвени да извезуваме креативни идеи, но и на која начин ќе се трансформира струката во наредните години.
Агенцијата Drive, која делува во рамките на I&F McCann Група, организираше панел на тема “365/24/7 содржина”, на којшто, помеѓу останатото, станало збор за тоа, што се разликуваат контент кампањите во однос на креирањето на 365/24/7 содржина за брендот, која е улогата на инфлуенсерите во денешните дигитални стратегии и кои се денешните креатори на содржината.
Посебен сегмент на форумот IZAZOV 2017 беше посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, преку разни видови на интерактивни работилници. Во текот на форумот, своите студии на случај на агенциите ги претставиле компаниите: Mercator S (IDEA), Vip Mobile, Eurobank, Carnex, IKEA Србија, AVON, Sberbank, Delhaize Србија, Војводинска банка, Microsoft, Lufthansa Србија и многу други.