“Да се биде заштитник на својот брат“ – Новата Johnnie Walker реклама од Германија го искористи овој концепт на еден високо впечатлив начин, давајќи го еден од најдобрите слогани за годинава.
Двајца браќа преминуваат преку магливиот, карпест терен на шкотскиот остров Isle of Skye – нивниот дом од детството – додека нараторот поетично се навраќа на нивните заеднички искуства и длабоки чувства еден за друг. Идејата за ‘слобода’ и ‘да се биде слободен’ испливува на површината неколку пати, како што браќата се качуваат по карпестите планини и го здржуваат погледот на извртениот пуст пејсаж кој влева ставопочит.
Откако ќе стигнат во една разрушена стара фарма, тие ќе поделат малку Johnnie Walker и ќе го продолжат својот пат до еден осамен врв над морето.
Погледнете ја “Dear Brother” пред да продолжите со читање:
Килер ! Стар Sixth Sense пресврт, но сепак, рекламата е мајсторска преработка на донекаде познат пресврт во нешто навистина специјално. Силните чувства и експресии за време на 90-те секунди го држат финалето да не биде премногу сентиментало. Некои можат да замерат дека расплетот е на граница на пародија или црн хумор, но чекорењето по работ на таква ‘територија’ дава една дополнителна димензија на спотот.
Дполнително, идејата за физичко и духовно патување кои открива што значи да се биде ‘слободен’ – за двата браќа, во овој случај – моќно ја изразува есенцијата на “Keep Walking” мотото на Jonnie Walker.
Честитки за режисерите Даниел Титц и Доријан Лајбхерц – и двата студенти на Филмската академија во Баден-Вуртемберг, Германија.