Дејвид Велдон е избран за нов претседател на Светската федерација на огласувачи (WFA), на местото на Раџа Раџаманар, генерален директор за маркетинг и комуникации во Mastercard, кој се повлекува по шест години на оваа функција.

Велдон, кој претходно беше претседател на WFA од 2015 до 2019 година, моментално е генерален бренд директор за Allwyn, компанија која организира лотарии во Австрија, Кипар, Чешка, Грција, Италија, Австрија, Велика Британија и САД. Негов потпретседател во WFA ќе биде Фил Мејерс, кој беше заменик претседател исто така во времето помеѓу 2019 и 2021 година, а денес е генерален директор за институционални прашања и корпоративни комуникации во Ferrero.
Во неговата долга и истакната кариера, Велдон има работено и за RBS (сега Natwest), Barclays, Vodafone, The Coca-Cola Company и WPP. Тој беше награден со Орден на Британската Империја од страна на кралот Чарлс III за неговиот придонес кон огласувачката индустрија во 2021 година. Велдон е исто така домаќин на поткастот „Better Marketing“ на WFA од 2020 година. Тој ќе отслужи минимум две години на претседателската функција.
„Апсолутно сум воодушевен што ќе го преземам Претседателството на WFA по успешниот мандат на Раџа. WFA има амбициозни планови за раст засновани на тоа да се осигура дека членките ќе можат да продолжат да ја водат трансформацијата на нивните бизниси и низ индустријата – и многу сум возбуден што ќе бидам дел од тоа патешествие. Сè зависи од тимот и како претседател на WFA ќе работам заедно со најголемите имиња во глобалниот маркетинг како дел од Извршниот комитет на WFA“ – рече Велдон.
Новиот претседател и заменик претседател ќе бидат поддржани од Глобалниот извршен комитет на WFA, кој вклучува високи претставници од најголемите светски компании и од здруженијата на огласувачи.
Новите членови на Извршниот комитет на WFA за 2025 година се:
- Алисон Витерспун, корпоративен потпретседател, глобален генерален маркетинг директор, Nissan Motor Corporation
- Расел Даер, генерален директор за корпоративни работи, Kenvue
- Олајинка Ијабији, директор на групацијата за маркетинг и корпоративни комуникации, First Bank of Nigeria
- Андреја Хант, претседател и генерален извршен директор, Здружение на канадски огласувачи
- Риика-Марија Леминки, управен директор, Marketing Finland.
Тие ќе им се придружат на членовите кои се реизбрани за уште еден мандат, и тоа:
- Оуд Гандон, глобален генерален маркетинг директор, Nestlé
- Ајшварија Намбиар, глобален директор за брендинг и маркетинг, Etihad Airways
- Џејн Вејкли, генерален директор за потрошувачи и маркетинг и генерален директор за раст, International Foods, PepsiCo
- Таиде Гуахардо, генерален директор за брендови за Европа, Procter & Gamble
- Ен Стилинг, глобален директор за бренд и медиуми, Водафон
- Едвард Бел, генерален директор на брендинг, увиди и маркетинг комуникации, Cathay Pacific
- Асмита Дубеј, генерален директор за дигитални технологии и маркетинг, L’Oréal.
Целосната листа на членови на Извршниот комитет можете да ја разгледате на следниот ЛИНК.