Британската консултанска агенција Brand Finance ја објави листата на највредните светски брендови за храна и безалкохолни пијалоци
Coca Cola ја задржува титулата на највреден бренд за безалкохолни пијалоци, со пораст на вредноста на брендот од 19% на 36,2 милијарди американски долари, додека вредноста на брендот на Pepsi се намали за 8% и изнесува 18,5 милијарди долари, а на трето место е Red Bull проценет на 8,7 милијарди долари вредност.
Nestlé доминира како највреден бренд за храна и може да се пофали со најголемо портфолио на производи за храна и пијалоци.
Меѓу десетте највредни брендови се најдоа и француски Danone со вредност од 8,1 милијарди долари и кинески Yili за кој е проценето дека вреди 7,1 милијарди долари, со импресивно 24% зголемување на вредноста на брендот. Следуваат Kellogg’s, Tyson, Mengniu, Wrigley, Lay’s, Mc Cain и Craft.
Quaker е најбрзо растечки бренд за храна од листата топ 50, со пораст од извонредни 57%, додека од кинеските брендови, најбрзорастечки се Haitian и Want Want.
Најголем број од светските брендови се американски (34,4%), па следуваат Кина (14,4%) и Швајцарија (13,4%).