На редовното изборно собрание кое минатиот Петок (28 Јуни) се оддржа во Факултетот за драмски уметности во Белград, членовите на IAA (International Advertising Association) Србија избираа ново раководство за наредните 2 години.
Со огромно мнозинство за нов Претседател на ИАА Србија е избран Милош Шимиќ, кој работи како маркетинг директор на Гранд Казино Белград. Шимиќ во претходниот мандат беше член на управниот одбор на здружението и досега ја извршуваше функцијата на благајник.
За потпретседатели избрани се Косанче Димитриевиќ (Alma Quattro) и Маријана Агиќ Молнар (GfK).
Останати членови кои влегоа во извршниот одбор се и Дарко Брочиќ (Nielsen) , Милан Славински (Nadji.info), Ванда Кучера (McCann) и Невена Васојевиќ (Spark/Multikom).