Брендот Otrivin е името што стои зад проектот AirBubble, кој ја подигнува свеста за загадувањето, а истовремено обезбедува безбедно место за децата
Според Светската здравствена организација, алармантен е фактот што најголем дел од децата во светот, дури 93%, дишат штетен воздух. Новиот проект ги комбинира архитектурата, биотехнологијата и науката со цел прочистување на воздухот таму каде што треба да има безгрижен простор за децата – на игралиште.
Запознајте го Otrivin AirBubble, проект за кој се тврди дека е првото игралиште за прочистување на воздухот во светот. Изградена околина која што го чисти воздухот што децата го дишат додека играат. Проектот е дел од кампањата на овој бренд на спреј за нос, да се подигне свеста за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на децата и да се повикаат луѓето да преземат активности во врска со овој проблем.
Агенцијата Saatchi & Saatchi London го создаде концептот AirBubble, во соработка со ecoLogisStudio, агенција за иновации во дизајнот, специјализирана за „природни“ решенија, која ги претвара идеите во стварност.
AirBubble е единствено архитектонско достигнување, кое интегрира 52 цилиндри алги, преку кои со фотосинтеза се филтрираат загадувачите во воздухот и се ослободува кислород. Детските активности во внатрешноста на AirBubble помагаат во циркулацијата на воздухот низ алгите, така што колку повеќе деца играат, толку воздухот е почист.
Игралиштето ќе биде отворено за јавноста во следните четири месеци во научниот центар Коперникус во Варшава, Полска, која е една од најзагадените земји во Европа.
За да го претстават AirBubble, агенцијата Saatchi & Saatchi креираше реклама што содржи црно-бели фотографии на деца кои носат гас маски и зборуваат за загушување, и нивната исплашеност поради „стравот од дишење“ поради загаденоста на на воздухот. Нараторот на видеото е деветгодишната Лисиприја Кангујам, активистка и инфуенсерка од Индија, која му се обрати на светот на COP-25 конференцијата. Видеото во режија на повеќенаградуваниот режисер Аиртон Кармињани, попознат како Тино, завршува со реченицата „Да им помогнеме да дишат полесно“.
„Загадувањето е еден од горливите проблеми во светот. Уште повеќе што децата се под уште поголемо влијание затоа што се поблиску до земјата, каде што се собираат најтоксичните честички. Otrivin постои за да им помогне на луѓето да дишат полесно и токму тоа го правиме со овој проект“, рече Фархад Надим, глобален директор за маркетинг во Otrivin.