Некои велат дека е машината за перење. Некои велат дека се џуџиња. Зарем никој на ја знае вистината што се случува со чорапите? :)
Новата реклама на францускиот ланец на продавници за малопродажба Monoprix и агенцијата Rosapark се осврнува токму врз ова прашање на еден комичен начин, од неговите егзистенцијални аспекти до секојдневните фрустрации на пребарување низ куќата со една боса нога.
И покрај сите смешни моменти, рекламата нуди и едно практично решение – комплети од по три чорапи кои ќе се продаваат во продавниците на Monoprix.
Како никој досега не се сетил на ова? Вистината е дека до идејата прв дошол еден американец по име Едвин Хевен, кој во 2009 година ја претставил во првата сезона од реалното шоу за претприемачки идеи “Shark Tank”, меѓутоа идејата била одбиена и обезбедила место во компилацијата на најлоши идеи таа сезона.