Денес, со почеток во 12 часот, во музејската зграда Куќа на Робевци во Охрид ќе биде отворена фотографската изложба „Културното наследство во Охридскиот регион“.
Преку медиумот на фотографијата, посетителите на изложбата ќе можат да се запознаат со некои од најпознатите, но и некои помалку познати објекти од сферата на културно-историското наследство во градот Охрид и неговата околина.
Организатор на настанот е Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален Зелен Центар – Охрид“, во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.
Проектот се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLoad 2, која е финансирана од Европската унија, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Охрид.