Вечерва со почеток во 19:30, во просториите на “Јавна соба“, се одржува првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска. “Целта” на оваа селекција на фотографии е портрет на улични, случајни минувачи, пејсажи и делови од архитектурата. Карактерите на овие фотографии се изолирани и извадени од општествениот контекст. Тие се приказни како “фатени” на дело, “фатени” во нивниот процес на создавање или во нивното битисување. Заедничко на сите фотографии е тоа што укажуваат на нешто препознатливо за нас, а сепак непознато.