Извештајот на компанијата Cheq е во спротивност со другите истражувања во индустријата кои даваат малку пооптимистички поглед
извор: AdAge
Компанијата за сајбер сигурност Cheq, објави извештај со мрачни предвидувања за сите огласувачи кога се во прашања измамите со реклами.
Имено, според извештајот на компанијата, кој е во спротивност со другите извештаи за истата тема, огласувачите ширум светот ќе изгубат повеќе од 23 милијарди долари оваа година поради рекламни измами. Според извештајот, за секој долар инвестиран во рекламирање, околу 10 до 15 проценти оди на плаќање на компаниите кои всушност треба да ги заштитат компаниите од лошите играчи на пазарот.
За споредба, други извештаи даваат подобри предвидувања, така што White Ops и ANA во нивните извештаи предвидуваат дека огласувачите оваа година може да изгубат 5,8 милијарди долари на измами, што би било пад во споредба со 6,5 милијарди загуби забележани во 2017 година.
Разликата, според AdAge, доаѓа од комплицираниот екосистем на дигитално огласување, во кој има премногу “црни кутии” и сиви области кои го спречуваат конкретниот и прецизен увид во целокупниот рекламен екосистем.
Извештајот на Cheq, исто така, заклучува дека, трговците кои инвестираат милијарди долари во дигитални реклами, до 30 проценти од овие буџети се погодени од измама, што претставува 21 трилион дигитални реклами секоја година!
Сепак, студијата тврди дека сите случаи на измама не “чинат” исто, а во многу случаи измамите непропорционално влијаат на кампањите со поевтин CPM.