Во чест на несовршените тела, на плажата во Сплит е подигнат споменик со силна порака
Од сите страни сме бомбардирани со прикажувања на совршени, затегнати и беспрекорни тела. Фотошопите убавици ни предизвикуваат комплекси, особено за време на летото, а оние со просечен изглед, тешко е да го заземат своето место под сонцето или пред објективите.
Но, ова лето, работите се променија – на плажата во Сплит, за прв пат во светот, е подигнат Споменик на неизвајано тело. Во чест на сите незатегнати, ковчести, пополни, просечни и несовршени тела, споменикот го отелотворува симпатичната Мирна Матиќ. Мирна е победник на конкурсот за фотографии каде стотици учесници покажаа како се носат опуштено и како секој може да се чувствува добро во сопствената кожа.
Доколку поминувате, не заборавајте да го посетите ова необично обележје на Сплит, затоа што на крајот на краиштата тоа е споменик за сите нас, обични и секојдневни.
„Најдобар начин за поврзување на брендот со потрошувачите е брендот да покаже колку тие им значат. Постои ли подобар начин за тоа тој да им подигне споменик ? И тоа буквално. Ние сме горди на фактот што и оваа година бележиме уште подобри резултати во работењето од минатата година. Континуираниот раст е единствениот вистински показател за успешна и ефикасна комуникација“, изјави Дарко Боснар – креативен директор на агенцијата Имаго Огилви.