Социјалните мрежи не се без цена
Извештајот „Freedom on the Net“, кој го направи независната организација „Фридом Хаус“, наведува загрижувачки резултати од истражувањето кое се однесува на корисниците на интернет. Според извештајот, 40 од анализираните 65 држави (околу 62 проценти) имаат спроведено напредни програми за надзор на социјалните мрежи.
Кога станува збор за слободата на интернет, Кина е означена како најмалку слободна земја, а Русија и Египет исто се означени како земји кои не се воопшто слободни. Вкупно 89 проценти од корисниците на интернет, односно речиси три милијарди луѓе, се под некаква програма за надзор, а тоа е огромен број.
Во Иран постои „армија“ од 42.000 доброволци кои го следат изразувањето и говорот преку интернет. Кинеската комунистичка партија има сличен систем, односно луѓе кои собираат податоци и означуваат проблематична содржина. Кинеската фирма Семптијан има надзорен систем Aegis кој помага во следење на повеќе од 200 милиони луѓе во Кина.
САД се означени како „слободни“ од интернет цензура, но извештајот покажува дека тоа не е така. Во извештајот се споменува израелската компанија Cellebrite за сајбер сигурност, која неодамна склучи нов договор со агенцијата ICE (Агенција за имиграција и царина), вреден меѓу 30 и 35 милиони долари. Алатката на Cellebrite им овозможува на корисниците лесно да хакираат мобилни телефони и да соберираат секаков вид на податоци.
Дури и „слободните земји“, како што се САД и Велика Британија надгледувале активисти за собирање информации за групи кои протестираат против имиграцијата и политиката за контрола на оружјето.