Најновите предвидувања на медиумската агенција Carat покажуваат континуиран позитивен моментум со раст од 4,4 % во 2016 во однос на глобалното трошење за адвертајзинг. Дигиталните медиуми се реафирмираат како главни двигатели на растот.
Оваа глобална медиумска мрежа своите анализи и предвидувања ги базира врз основа на податоците од 59 различни пазари ширум Америка, Пацификот и Европа.
“Со неговата експанзија која е три пати побрза отколку глобалната стапка, дигиталните медиуми повторно се реафирмираат себе си како двигатели на растот без ривали. Дигиталната економија носи комплексност, брзина на промени и нарушувања и само преку неа брендовите ќе можат да изградат вклученост и ќе останат релевантни за својата публика и потрошувачи во реално време’’ изјави Jerry Buhlmann, CEO на Dentsu Aegis Network (сопственик на Carat).
“Во свет каде поврзаноста и конвергенцијата стануваат норми, мобилните, социјалните и online видеата креираат брз раст во рамките на дигиталниот пазар. video Со флексибилни, таргетирани медиуми врз основа на одредени податоци, овие содржини ја креираат зголемената побарувачка за побогати и помоќни вклучувања на публиката, на вистинското место, во вистинското време.”
Најновиот извештај за 2017 година укажува дека овие трендови ќе продолжат да доминираат и понатаму. Во согласност со извештајот, дигиталните медиуми се водечки во 13 од 59 пазари во 2016 година, најмногу преку мобилни содржини и социјални медиуми кои привлекуваат поголеми инвестиции. Најголемите трошоци се прават за мобилни платформи со проценето зголемување од +48.8% во 2016, надминувајќи ги предвидувањата од outpacing +37.9% од извештајот од март 2016. Online видеата и социјалните медиуми бележат пораст од 34,7% и 29,8% соодветно.
Моќта на пазарот на дигитални комуникации се очекува дека ќе расте +15.0% до крајот на оваа година , и ќе се зголеми за дополнителни +13.6% во 2017.
Целиот извештај можете да го погледнете на овој ЛИНК.