„Штетни“ маркетинг практики со кои се соочуваат децата се негативното рекламирање, маркетинг со инфлуенсери, наградните игри на огласувачите и игрите што вклучуваат product placement, како и други форми на рекламирање
Светската федерација на огласувачи (WFA) известува дека во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се наведува рекламирањето како една од опасностите за децата во дигиталното опкружување. Во овој контекст, се наведува грижата за заштитата на приватноста на децата при интернет насоченото рекламирање.
Тие проценуваат дека децата сè уште немаат доволно развиени вештини за дигитална писменост врз основа на кои би можеле целосно и правилно да ја разберат отвореноста и условите со кои се соочуваат во дигиталниот свет. Меѓу опасностите, во извештајот се наведени и „штетните“ маркетинг практики со кои се соочуваат децата: негативното рекламирање, маркетинг со инфлуенсери, наградните игри на огласувачите и игрите што вклучуваат product placement, како и други форми на рекламирање.
Светската федерација на огласувачи смета дека, иако е тешко во оваа фаза да се процени дали одлуката може да доведе до нови регулативи, се наведува дека секако некои маркетинг практики се препознати како проблематични кога се насочени кон деца.