Џек Дорси, досегашниот генерален извршен директор на социјалната мрежа Твитер, поднесе оставка од функцијата. Одлуката стапува на сила веднаш.
За негов наследник е определен Параг Агравал, досегашен генерален технички директор на Твитер.

Џек Дорси го основаше Твитер заедно со уште тројца луѓе во 2006 година. Функцијата генерален извршен директор ја извршуваше во два наврти, од 2006 до 2008 и од 2015 до денес.
По напуштањето на Твитер, Дорси ќе продолжи да работи како генерален извршен директор на својата втора компанија – Square. Се работи за компанија за финансиски услуги и дигитално плаќање основана во 2009 година.
Новиот генерален извршен директор на Твитер, Параг Агравел, се приклучил на компанијата во 2011 година, а во 2017 ја презел функцијата на генерален технички директор.