Производителот на луксузни автомобили Jaguar го претстави новото лого и брендирање пред неговото повторно лансирање како бренд за електрични возила.
Британскиот производител на возила, во сопственост на Tata Motors, ќе лансира три нови електрични автомобили во 2026 година, откако пред повеќе од една година престана со продажбата на нови автомобили сè со цел да се фокусира на повторното концептуализирање на брендот.
Како дел од процесот на ребрендирање, Јагуар претстави сосема ново лого, заедно со новата икона на пантер и новите маркетиншки слогани како “Delete Ordinary”, “Copy Nothing” и “Break Moulds”.
Новото лого, напишано како JaGUar, е изведено со комбинација на големи и мали букви во новиот фонт „Jaguar Exuberant“. Од текстуалното лого е тргната иконата на пантер, која ќе фигурира како засебен, чисто визуелен симбол на брендот.
Компанијата исто така престави монограм која ги комбинира буквите “J” и “r”, оваа втората како превртена “J”, заедно обрамени во кружно поле.