Во 1902 година, Емил Јелинек, честопати наречен „татко на модерниот автомобил“, ја именувал својата линија на иновативни тркачки автомобили по името на неговата ќерка – Мерцедес. Неговите болиди победувале на секоја трка, а наскоро сите посакале да имаат автомобилот што се вика Мерцедес.
Именувањето на компанијата по неговата ќерка е симбол на посветеноста кон следната генерација, посветеност која компанијата се труди максимално да ја негува и повеќе од еден век подоцна.
Во таа насока оди и новата кампања на автомобилскиот бренд, едноставно наречана “I am Mercedes” („Јас сум Мерцедес“). Се работи за видеоспот кој промовира десет извонредни млади жени, кои што со јавноста ги споделуваат своите надежи и соништа за иднината. Она што е заедничко за сите нив е името – сите се викаат Мерцедес.
„Тие го делат нашето име. Тие го делат нашиот дух.“ – накратко истакнуваат од компанијата. Кампањата е лансирана во пресрет на „Меѓународниот ден на девојката“ (11 октомври), со цел да ја слави моќта на жените кои инспирираат позитивни промени насекаде.