Брендот за спортска опрема Adidas објави ново продолжение на својата кампања “Impossible is Nothing” („Невозможно е ништо“), во чиј фокус е различноста и инклузивноста, со акцент на моќните жени кои ги рушат бариерите и предводат во родовата еднаквост.
Рекламата претставува колаж од 30-секунди во кои гледаме различни бренд-амбасадори на Адидас – актерката ХоЈеон Јунг, одбојкарката Тифани Абро, кошаркарката Асма Елбадави, моделката Ели Голдстајн и јога-инструкторката Џеасмин Стенли – секоја од нив која се изборила со предизвиците за да стане успешна во своето поле.
Видеото е проследено со нарацијата: „Тоа е невозможно. Да се привлече светлото на светот преку ноќ. Да создадете сопствена униформа. Да бидете модел на насловна страница. Моќна спортистка. Или да се натпреварувате како транс-жена. Невозможно? Не. Јас сум возможна.“