Организацијата на адвертајзинг фестивалот Golden Drum со голема чест соопшти дека Џејсон Ромејко од Германија, глобален извршен креативен директор на Serviceplan Group, е најновиот член на Golden Drum Hall of Fame.
Основан во 2010 година, Golden Drum Hall of Fame претставува избрана група на визионери и сонувачи кои храбро и страсно се борат за напредокот на креативната индустрија. Тоа е креативни лидери кои инспирираат и мотивираат, луѓе кои со својата професионална кариера и личен живот влијаат врз нашите креативни умови и души.
Џејсон Ромејки има голем придонес во востановување, развојот и успехот на новата европска адвертајзинг индустрија, нејзините вредноси и дух. Тој не само што присуствувал на фестивалот Golden Drum и се натпреварувал за неговите награди, туку исто така има придонесено и во неговиот развој со нови иновативни идеи и донел голем број на големи креативни ѕвезди.
Со цел навистина да ја поттикнува креативноста, Џејсон ги одржува специјалните работни сесии кои тој ги нарекува „вигвами“, дизајнирани да ги инспирираат луѓето и да ги отстрануваат менталните бариери кои ги кочат потенцијалните идеи кои вредат злато.
Во неговата улога како глобален извршен креативен директор на Serviceplan Group, тој е на мисија да ја имплементира својата филозофија во креативниот мајндсет на сите тимови во 17 држави каде агенциската групација има свои „Куќи на комуникациите“. Џејсон го има развиено концептот на ÜberCreativity (Надкреативност), што значи „магијата која се случува кога сите делови од Куќите на комуникациите се здружуваат за да создадат светски пионерски идеи.“
Тој отсекогаш ја препознавал важноста на постоењето на адвертајзинг фестивалите како што е Golden Drum. Џејсон е силен поддржувач на фестивалот, ентузијастичен и инспиративен говорник, правичен член на жирито на Golden Drum и носител на титулата „Креативен директор на годината“ доделена од Golden Drum во 2015 година.
„Да речам дека сум трогнат од мојот прием во Golden Drum Hall of Fame би било недоволно. Навистина сум преплавен со емоции што 24-те претходни добитници на оваа награда, многу од кои се колеги на кои се угледувам и сите влијаеле врз развојот на индустријата во Нова Европа и пошироко, ме изгласаа а бидам дел од Hall Of Fame заедно со нив. Јас сум благодарен на фестивалот Golden Drum за оваа признание кое се добива еднаш во животот. Тоа ми дава повод не само да гледам наназад на мојата кариера со благодарност кон сите оние кои ми помогнале на мојот пат, туку и да гледам напред во иднината – бидејќи јас ќе бидам само толку добар колку што ќе биде мојата следна идеја и генерација која ќе ме наследи,“ истакнува Џејсон Ромејко по повод неговото воведување во Golden Drum Hall of Fame.
Повеќе за Golden Drum Hall of Fame и неговите членови можете да прочитате на следниот линк.