Американската стопанска комора во Северна Македонија, во соработка со M6 Едукативниот центар, објавува јавен повик за учество на Академијата за здравство, специјално наменета за новинари.
Обуката има за цел да им помогне на новинарите подобро да го разберат здравствениот систем, да известуваат одговорно и да соработуваат поефикасно со сите учесници во здравствената заштита.
Предавачи ќе бидат експерти, професионалци и претставници од надлежни институции кои во првиот модул од Академијата ќе адресираат различни теми врзани со здравствениот систем низ призмата на ретки болести.
Обуката ќе започне во септември 2025 година и ќе се состои од четири полудневни сесии, кои ќе се одржуваат двапати месечно во M6 Едукативниот центар во Скопје.
Преку дискусии со експерти и реални примери, ќе се обработат следниве теми:
- Како функционира здравствениот систем
- Како се финансираат лековите и третманите
- Буџети и јавни набавки во здравството
- Значењето на податоци и дигитализација
- Права на пациентите и пристап до услуги
Сите теми ќе бидат објаснети преку конкретни примери од областа на ретките болести, со цел полесно разбирање и можност за практична примена во известувањето.
По завршувањето, учесниците ќе добијат официјален сертификат од M6 Едукативен Центар.
Како да аплицирате?
Испратете ја вашата пријава најдоцна до 30 јули 2025 година на v.kostovski@amcham.mk, со следниве документи:
- Кратка биографија (до 150 зборови), со наведени објавени текстови
- Писмо за номинација од уредник (не е задолжително за фриленс новинари).
Ова е одлична можност да го проширите вашето знаење, да се поврзете со колеги и експерти и да придонесете за поквалитетно информирање на јавноста за теми од здравството.
Бројот на места е ограничен!
Повеќе информации на следниот ЛИНК.