Францускиот автомобилски бренд Peugeot ја лансираше својата нова кампања, насловена “The Language of Attraction” („Јазикот на привлечноста“).
Според компанијата, се работи за „манифест“ кој ја отелотворува нивната нова визија за бренд изграден околу моќта на привлечноста. Манифестот ја изразува ренесансата на Peugeot преку „јазикот на привлечноста“ како совршен спој на трите главни вредности на брендот: привлечност, емоции и извонредност.
„Зошто нè привлекуваат одредени работи или уметнички дела? Затоа што ни „зборуваат“, не со зборови туку преку емоции. Затоа што она што навистина нè привлекува им зборува на нашите срца. Ова е причината зошто автомобилите на Peugeot не се направени само од метал и стакло, туку и од привлечност, страст и историја“ – истакнуваат од компанијата во својот манифест.
Во срцето на кампањата се наоѓа новиот модел Peugeot 408 кој, како и сите нови модели на брендот, „мора да биде привлечен и да нуди уште понеочекувани карактеристики“.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Doner од САД.