Британско-шведската мултинационална фармацевтска компанија AstraZeneca лансираше нова кампања насловена “Up the antibodies” („Покачете ги антителата“), со која сака да ги поттикне луѓето да го засилат својот имонолошки систем како превентива од негативните последици на Ковид-19.
Главен амбасадор на брендот во новата кампања е американскиот актер и добитник на Оскар, Џеф Бриџис, познат по филмови како The Big Lebowski (1998) и Crazy Heart (2009).
Во главниот видеоспот на кампањата, Бриџис зборува за тешкотиите со кои се соочуваат имунокомпромитираните лица при навигацијата низ глобална пандемија. Џеф Бриџис добро го познава тоа чувство, имајќи во предвид дека самиот се борел против рак и Ковид-19.
„Мислев дека ќе изгубам сé“ – вели познатиот актер. „Но, за среќа, не мора да го чекате најлошото. Можете да ги покачете вашите антитела уште пред да дојде Ковид“ – додава Бриџис.
Со оваа кампања, АстраЗенека ги промовира своите моноклонални антитела како ефикасен начин за зајакнување на имунолошкиот систем во потенцијалната борба против Ковид-19.