Мислите ли дека ја имате најдобрата идеја?
Можеби е време да ја отфрлите!
Лесно е да бидете привлечени од одредена идеја и многу тешко е да се откажете од истата. Понекогаш почнувањето од почеток е најдобриот начин да дојдете до уште подобра идеја или пак да дојдете до одобрување на првичната идеа која била отфрлена од страна на клиентот од самиот почеток.
Adweek во уште една нова серија на видеа од топ креативците од бизнисот ги сподели нивните најдобри совети кои ти ги добиле во текот на својата кариера. Ова се советите кои со вас сакаат да ги споделат Jeff Goodby, Patrick Scissons, Leo Premutico и Matt MacDonald.
Ова се најдобрите совети кои тие ги добиле во својата кариера:
“Започни од самиот почеток.”
—Jeff Goodby, Goodby Silverstein & Partners
“Многу често ние луѓето се заљубуваме во своите идеи, па затоа и не можеме лесно да се откажеме од нив и затоа често се обидуваме да ги ‘’исфорсираме и бутнеме кај клиентите’’ кажува Goodby. “Мораме да научиме како да се откажеме од своите иницијални замисли и да научиме да започнеме нешто од ново од почеток, а за тоа потребна е голема доверба во нас самите. Сметам дека многу често откако ќе започнеме нешто од ново сме среќни што сме започнале затоа што и иницијалната идеја и не била толку добра”
“Работете со страст но емоционално научете да не се впуштате во нештата.”
—Patrick Scissons, Global Chief Creative Officer, KBS
“Во реалноста, работата која сметаме дека е најдобра и се нашла на масата пред клиентите можеби и нема да биде продадена поради некоја причина. Потребно е да бидеме флексибилни и да се одвоиме од она што сме го сработиле, да се навратиме на нештата од почеток, да бидеме прагматични и да креираме уште подобри проекти.”
“Разберете ја разликата помеѓу идеја и изведба.”
—Leo Premutico, Chief Creative Officer, Johannes Leonardo
“Кога смислуваме концепти, многу е важно да разбереме дека доколку изведбата не е најдобра тоа не значи дека иницијалната идеја е погрешна или обратно. Со одделување на овие две нешта ќе добиете поголемо разбирање за креативниот процес’’ кажува Leonardo.
“Предизвикајте изненадување.”
—Matt MacDonald, Executive Creative Director, BBDO New York
“ Да се предизвиката изненаденост е еден од најдобите подароци кој може да им го подарите на другите, било да сте писател или креативец. Како луѓе кои креираат реклами на некој начин и сме должни да ја наградиме публиката и да ја изненадиме воедно со нешто што ќе ја насмее или пак натера да размислува. Често размислувам дали нештата ќе предизвикаат доволна интрига и изненадување кај публиката? – MacDonald.