Јелена Арсовска и официјално е поставена на позицијата Managing Director на McCann Скопје и ќе биде задолжена за проширување на работењето, работа со клиентите, понатамошен развој на сервисот и услугите на агенцијата McCann Скопје. Јелена има соработувано со голем број на меѓународни и регионални партнери од различни дејности, од кои е препозната како експерт во областа на комуникациите, креативата и стратегијата. Има долгогодишно искуство во стратешкото планирање, развој на брендот, обуки на вработените, продукцијата и финансиите.
Во текот на својата професионална кариера, Јелена Арсовска одсекогаш била фокусирана на проектите и мотивирањето на колегите да ги пронајдат најдобрите решенија и да ја спроведат визијата и поставените цели на партнерите. Кариерата ја започна во агенцијата New Moment каде што помина седум години, а потоа преоѓа во McCann Скопје на позицијата Client Service Director која ја вршеше две години. Понатамошната кариера ја продолжува во агенцијата Pristop MK како New Business Development Manager. Во последните четири години Јелена беше на позиција Executive Director во агенцијата Idea + Скопје.