Јелена Јазиќ е новиот директор на агенцијата McCann Beograd. Во претходниот период Јелена Јазиќ беше директор за маркетинг во компанијата Air Serbia. Добро ги познава агенциските поцеси бидејќи во два наврати, како маркетинг директор на компаниите Carlsberg и Delhaize, соработуваше со тимот на McCann Beograd.

„Голема е честа, но голем е и предизвикот, што станав дел од тимот на McCann. Наша задача во следниот период останува да ги подобриме резултатите на компаниите за кои работиме, преку примена на реални, иновативни и креативни идеи. Сигурна сум дека моето искуство, кое го стекнав работејќи за најзначајните мултинационални компании, ќе биде од голема помош и дека заедно со моите нови колеги ќе овозможиме McCann да ја оддржи лидерската позиција кога е во прашање иновативноста и комуникацијата со клиентите,“ изјави Јазиќ.
Заедно со агенцискиот тим на McCann од Белград, Јелена Јазиќ своето знаење и искуство ќе ги насочи кон понатамошен развој на агенцијата.