Американскиот бренд за луксузна мода Calvin Klein ја претстави новата есенска колекција за мажи, со актерот Џереми Ален Вајт како главен бренд амбасадор во соодветната рекламна кампања.
Calvin Klein се познати по провокативното огласување, а на почетокот на оваа година, брендот целосно го прифати таквото наследство во првата кампања со Џереми Ален Вајт која предизвика големо внимание и доживеа исклучителен успех меѓу јавноста.
Сега, познатата модна куќа се враќа со цел да ја повтори истата магија со својата кампања за есенската машка колекција за 2024 година. Џереми Ален Вајт повторно зазема централното место, овој пат во сончев амбиент кој го истакнува неговиот шарм и мажествена привлечност (без многу облека на себе).
Рекламата е снимена во соработка со познатиот моден фотограф Мерт Алас, со француската модна уредничка Емануела Алт во улога на стилист. Спотот е проследен со песната „Crimson and Clover“ од бендот The Shacks.