Туристичкото биро на Дубаи го објави најновото продолжение на својата „филмска“ кампања “Dubai Presents” со холивудските актери Џесика Алба и Зек Ефрон.
После спотовите во стил на акционен филм и на романтична комедија, сега следува реклама која наликува на филмски трејлер за некоја истоириска драма која се случува во 1950-те години.
Во спотот насловен “A Captivating Saga” гледаме како Џесика Алба тргнува да се бара себе си на авантура во пустината на Дубаи, за на крај да открие дека она што го бара всушност се наоѓа во нејзиното срце – сето тоа секако претставено во амбиент на убавините на Дубаи.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mother и продукциската куќа MJZ. Режисер на овој спот е австралиецот Крег Гилеспи, познат по филмови како “Cruella” и “I Tonya”.
Кампањата се емитува во 27 земји низ светот.