Познатиот комичар и актер Џим Кери се враќа во улогата на кабелскиот техничар од филмот “The Cable Guy” од 1996 година, но овој пат во реклама на американскиот телекомуникациски оператор Verizon.
Рекламата има за цел промоција на 5G-интернер мрежата на Verizon, која е екстра брза, едноставна за инсталација и нема потреба од кабли – односно нема потреба од кабелски техничар.
На големо неверување и негодување на Џим Кери, кој само можете да замислите какви гримаси прави, едноставната бела кутија функционира одлично и покрај тоа што нема кабли.
Кери не може да се соочи со фактот дека можеби повеќе не е потребен како кабелски техничар, па сам си поставува задача да се врати другиот ден и повторно да ја провери состојбата. И не сака да слушне за друга опција… :)
Рекламата беше емитувана за време на одигрувањето на Super Bowl, а агенцијата која стои позади нејзината реализација е McCann Worldgroup.