Холивудските актери Џон Траволта и Семјуел Л. Џесон се најпознати по нивните улоги во култниот филм “Pulp Fiction” на Квентин Тарантино. Актерското дуо сега повторно се здружи во новата божиќна реклама на американската банкарска холдинг компанија Capital One.
Во рекламата, Траволта ја толкува улогата на Дедо Мраз кој од удобноста на својата фотеља купува преку интернет, додека пак Џексон глуми претставник на Capital One кој, преку видео-повик, на Дедо Мраз му нуди опција како да заштеди повеќе пари со виртуелни купони.
Рекламата содржи и неколку референци кон “Pulp Fiction”, како фризурата на Траволта, пиењето милкшејк, маицата на Џексон на која пишува „Happy Holidays With Cheese“ како потсетување на познатата сцена “Royale with Cheese”, а тука е секако и танцот на Дедо и Баба Мраз како танцот на Траволта и Ума Труман.