Во пресрет на доделувањето на Оскарите, шкотскиот бренд на виски Johnnie Walker лансираше нова кампања со која ги слави жените кои ја промениле историјата на кинематографијата и ги инспирираат следните генерации на женски филмаџии.
Според брендот, филмските индустрија долго време ги занемарувала и потценувала достигнувања на жените во кинематографијата. На пример, потребен бил речиси еден век за некоја жена да добие Оскар за режија (Кетрин Бигелоу во 2010 година за филмот “The Hurt Locker”).
За да ја исправи ваквата неправда, Johnnie Walker скрои специјален „црвен тепих“ составен од парчиња ткаенина со пораки кои им оддаваат почит на револуционерните жени филмаџии, вклучувајќи ги: Ана Лили Амирпур, Јаница Браво, Кристин Чој, Џули Деш, Клер Денис, Ванури Кахиу и Џина Принс-Бајтвуд.
Тепихот беше претставен на 16. издание на пост-Оскар забавата за жени во филмот, која што ја спонзорираше Johnnie Walker за да им оддаде почит на сите 65 жени – пред и зад камерата – кои што беа номинирани за награда оваа година. Брендот исто така планира да допре до публика од 250 милиони луѓе преку дигитални, социјални и надворешни реклами.
Кампањата се реализира со креативната агенција Anomaly и продукциското студио Unreasonable Studios.