Johnnie Walker, одлучи да ја прекине соработката која траеше цели 15 години со својата досегашна агенција и за свој нов глобален партнер во креативниот настап да ја избере агенцијата Anomaly, која успеа да победи на питчот во кој учествуваа уште и Ogilvy, Wieden & Kennedy, BBDO и досегашните BBH.
Johnnie Walker соработуваше со BBH од 1999 година, со нив заедно го развиваа бренд идентитетот кој стана препознатлив низ целиот свет, а BBH беа “кумови“ и на славниот слоган “Keep Walking“.
Основачот на BBH Nigel Bogle, не го криеше своето разочарување од прекинот на соработката но во стилот на славниот слоган изјави : “Многу среќа за нив (за Jonnie Walker) а ние ќе продолжиме да чекориме“.
Глобалниот бренд директор на Johnnie Walker , Guy Escolme во соопштението по повод изборот на новата агенција изјави : “Сигурни сме дека во Anomaly добивме партнер кој ќе ни помогне да ги освежиме нашите чекори и веруваме дека пред Johnnie Walker е нова успешна и возбудлива ера која ќе придонесе за уште поголем глобален раст“
Извор: AdAge