Дванаесет години се долго време. Особено ако сте миленијалец како младата Шкотланѓанка која е наратор во новиот спот на Johnnie Walker, повикувајќи ги гледачите да се потсетат на последние 12 години од нивниот живот.
Спотот ја истакнува пораката дека се потребни 12 години за создавање на едно совршено шише Johnnie Walker Black Label. Преку слики од венчавка, авантуристички патувања и разговор за „одлуките кои сте ги донеле“, изгледа како рекламата да е таргетирана спрема помлада популација, односно лица во нивните триесети години кои ги надминале дваесетите и се „подготвени за следните 12 години“, наместо постара публика која се огледува на нивниот живот. Ова е интересна стратегија за привлекување на нови фанови кон бренд чиј имиџ е поврзан со трпеливост и стареење.
Агенцијата која стои позади рекламате е Anomaly New York. Режисер на спотот е Кику Охе од продукцијата Superprime.