Оваа реклама ги охрабрува милениумците самите да го трасираат сопствениот пат
Во новата кампања за Johnnie Walker во Бразил за прв пат овај бренд има женска главна протагонистка, а целта е својата платформа „Keep Walking“ да ја приближи до милениумците.
ТВ рекламата на агенцијата Crispin Porter & Bogusky Бразил е централен дел на кампањата. Содржи низа млади ликови, од кои секој патува сам во стаклени вагони на возот, низ мрачен пејсаж. Додека возот патува, гледаме една млада жена која се замислува себе си заробена во метафорички затвор. Потоа таа го исфрла својот вагон од шините и самоуверено се оддалечува по сопствениот пат, со пораката од рекламата „Следниот чекор е во вас“.
Ian Ruschel од агенцијата Iconoclast го режираше спотот кој е направен во чилеанската пустина Атакама. Железничката пруга во спотот е вистинска, додека вагоните на возот се посебно дизајнирани, а потоа умножени во пост-продукција.
Истражувањата на брендот (а слични спроведоа и други) утврдиле дека милениумците тешко донесуваат одлука за својата иднина, бидејќи имаат повеќе слобода на избор. Според Johnnie Walker, тоа отвара пат за ново толкување на напредокот, кој многу би зависел од храброста на младите да донесат одлука за избор и да го променат патот.