Еден од најпознатите брендови на виски Џони Вокер, наскоро ќе се пакува и во ново еколошко картонско пакување
Мултинационалната компанија за пијалоци Diageo го создаде првото картонско шише за алкохолни пијалоци во светот, кое е целосно без пластика.
Компанијата изјави дека има намера на почетокот на следната година пробно да понуди ново пакување на пазарот во една земја, а после тоа и ширум светот.
Шишето е направено од дрвена пулпа, тоа е во согласност со меѓународните стандарди за храна и пијалоци и може целосно да се рециклира. Внатрешноста е заштитена со тенок филм од смола, кој е целосно разградлив. Чепот ќе биде изработен од алуминиум.
Иако најголем дел од шишињата виски на Џони Вокер се спакувани во стаклени амбалажи, компанијата Diageo наведе дека бара начини да се користи што е можно помалку пластика во нивните пакувања, а освен тоа, правењето стакло исто така троши енергија и се генерира емисија на јаглерод диоксид.