Брендот за фластери Band-Aid, во сопственост на компанијата Johnson & Johnson, објави нова серија на расно разнолични фластери за сите светли и темни нијанси на кожа.
Брендот ја соопшти веста за новата серија фластери на Instagram, во поддршка на анти-расистичките протести кои се случуваат во САД. Компанијата вети дека ќе вложи поголем труд во претставувањето на малцинските заедници преку своите производи и дека новата серија на фластери е првиот чекор во напорите на брендот да ја промовира расната инклузивност.
Компанијата исто така најави дека ќе донира средства на движењето “Black Lives Matter” за борба против системскиот расизам.
„Стоиме во солидарност со нашите црни колеги, соработници и заедници во борбара против расизмот, насилството и неправдата. Ние сме посветени да превземеме акција за да создадеме реални промени за црната заедница,“ се истакнува во соопштението на Brand-Aid.