Соработката на Styria и Nilesen на ова големо истражување во Хрватска е чекор кон разбивање на митовите за сцената на инфлуенсери и длабинска анализа на фактите
Styria како најсилна медиумска компанија и Nielsen, највлијателната истражувачка агенција, постигнаа договор и започнуваат истражување на пазарот на инфлуенсери кое што ќе ја промени досегашната практика на рангирање на инфлуенсерите. Истражувањето ќе придонесе за пазарот и ќе биде прво од ваков вид во Хрватска, чии резултати ќе покажат кои се топ инфлуенсери. Тоа всушност треба да им користи на сите медиуми, агенции, инфлуенсери и други дигитални актери кои имаат контакт со овој вид на рекламирање.
Целта на истражувањето е веќе споменатите актери да можат поправедно да ги инвестираат своите маркетинг буџети и да ги испланираат стратегиите за рекламирање. Истражувањето е во тек и резултатите ќе бидат објавени на крајот на мај годинава, а ова е моментално најнапредно и најдетално истражување во овој сегмент во целиот регион. Алида Жорж Микетек, директор на Нилсен за Хрватска, ја коментираше успешната соработка на истражувањето и како таа настанала.
– Нилсен е глобален лидер на пазарот на истражување на медиумите, нашиот основен бизнис влече корени од традиционалните медиуми, но сме профилирани кон мерење на видеата како медиумски израз. Ова значи дека покрај класичната линеарна телевизија, ги мериме и сите видео платформи, со што во голема мера влегуваме во сферата што денес е наречена дигитална. Имаме долгорочно деловно партнерство со Styria, во текот на кое стекнав голема почит кон нив како двигател на фокусот кон новата ера, новите генерации и новите стандарди.
Styria одамна е успешна мултимедијална куќа отворена за транспарентен напредок, што вклучува и независно мерење на публиката – читатели, гледачи, вкупно корисници на содржината. Тука секако се истакнува активната улога на Styria во создавањето на инфлуенсер сцената на домашниот пазар. Со оглед на знаењето, искуството и мисијата коишто ги негуваат двете компании, соработката помеѓу Nielsen и Styria беше логичен чекор кон разбивање на митовите за инфлуенсер сцената и длабинска анализа на фактите – заклучува Жорџ Микетек.
Матеј Лончариќ, директор на видео содржина на 24sata и еден од основачите на JoomBoos, исто така објаснува колку се релевантни резултатите што конечно ќе ги позиционираат инфлуенсерите во Хрватска.
– Веќе шест години сме прваци во дигиталните видеа на хрватскиот пазар, а минатата година повторно го соборивме рекордот на гледаност. Нашата цел е да имаме транспарентни метрики кои се признати и разбирливи за целиот пазар. Како и останатите „играчи“, ние користиме голем број алатки што ја мерат прегледноста на видеата или времето поминато со видеата. Медиумите, инфлуенсерите, агенциите … секој ја толкува метриката на свој начин. Така, на пазарот се наметнува потреба за унифицирана метрика и анализа. Ова е само прва во низата соработки со Нилсен, што се надевам дека ќе влијае на уште поголем развој на пазарот – вели Лончариќ. Во 24sata, интензивно се работи на продукција на професионална видео содржина, а посветената работа не` доведе до голем успех, така што минатата година профилите и каналите во составот на 24sata имаа најдобар резултат во споредба со другите, со 1,56 милијарди прегледи.
Соодветно на тоа, важноста на соработката помеѓу Nielsen и Styrija во ова истражување ја објаснува директорот на Нилсен за Хрватска, Жорж Микетек:
– Целта на соработката е да се дефинираат пазарните стандарди за мерење и проценка на маркетинг активностите на инфлуенсерите. Ние сакаме да им обезбедиме можност на сите учесници на пазарот на медиуми да ги базираат своите деловни одлуки врз независна и сигурна методологија за мерење на инфлуенсерите.
Можеби звучи апстрактно на почетокот, кога споменуваме мерење на тоа колку е некој топ инфлуенсер, но затоа кон тоа се пристапува преку InfluenceScope.
– InfluenceScope може да се опише како холистички преглед и анализа на активностите на инфлуенсерите на социјалните мрежи за да се обезбеди објективен и сигурен процес на нивно оценување. Основата на InfluenceScope се податоци собрани во соработка со социјалните медиуми и надградени преку комплементарните аналитички алатки на Нилсен, кој на тој начин креираше завидна единствена глобална база на податоци. Според специфичните потреби на клиентот, тимот на експерти на Нилсен спроведува квалитативни и квантитативни анализи, обезбедувајќи холистичка поддршка на клиентите во текот на целиот циклус на маркетингот со инфлуенсери, од избор на инфлуенсер до пост-евалуација и мерење на успехшноста на кампањата. Ако сакате непристрасна повеќедимензионална анализа на инфлуенсерите – информирајте се за анализата на InfluenceScope. Секој инфлуенсер се анализира во 4 димензии – reach, resonance, relevance и return. SCORECARD ни овозможува да ги споредуваме инфлуенсерите и да утврдиме кои се најефикасни според која метрика – објаснува Алида Жорж Микетек за тоа колку е детален пристапот кон секој инфлуенсер во истражувањето.
– InfluenceScope се разликува од сите други по тоа што се заснова на единствена методологија и алгоритам развиени од страна на Nielsen Media. InfluenceScope обезбедува клучни информации, како што е проценка на медиумскиот ефект на индивидуална кампања изразена во парични еквиваленти и премиум квалитативни истражувања.
Уште една вредност е самата глобална база на инфлуенсери на Нилсен, што е клучна важност за мултинационалните компании кои бараат паралелни и споредливи извештаи за повеќе земји, како и за инфлуенсерите кои се популарни во повеќе земји. Со оглед на тоа што Нилсен е сопственик на оваа база на податоци, можно е да се следат промените на долг рок, што исто така влијае на ефикасноста на инвестициите во рекламирањето преку инфлуенсери – вели Алида.