На 1 и 2 ноември 2024 година во Скопје ќе се одржи јубилејното десетто издание на меѓународниот фестивал на етнографски филмови ЕТНОФФ, во организација на Македонското студентско етнолошко друштво.
Во текот на двата фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да гледаат девет документарни филмови со етнолошка и антрополошка содржина, кои ќе бидат прикажувани во Кинотеката на Македонија во Скопје.
Настанот ќе започне во 18 часот со поздравен говор на организаторите и проекцијата на првиот филм „Божји пламени“ на режисерот Мешакаи Волф, во копродукција на учесници од САД, Франција и Македонија. Потоа ќе следуваат два кинески филмови: „Ган Жи – да чувствуваш, да знаеш“ и „Арбори, Билки и Банани“, а првата вечер ќе биде затворена со филмот „Тоголeндски проекции“ во копродукција на учесници од Франција, Германија и Того.
Проекциите на вториот ден (2 ноември) повторно ќе започнат во 18 часот, а во фокус ќе бидат две земји на сонцето – Јапонија и Македонија. Во јапонската секција ќе бидат прикажани филмовите „Чикара – синот на сумо борачот“, „Сонувајќи го Мураками“ и „Создавање на еден Јапонец“. Фестивалот ќе биде затворен со проекциите на македонските филмови „Патот на престапникот“ и „Хембој“.
Програмата и сите новости поврзани со фестивалот можат да се следат на ОВОЈ ЛИНК.