Познатиот фудбалски менаџер Јурген Клоп направи „камбек“ како бренд-амбасадор на германското пиво Erdinger Weissbräu.
Новата реклама насловена “Don’t Forget the Best Bit” („Не заборавајте го најдобриот дел“) почнува со сцена во која Јурген Клоп нарачува еден Erdinger. Нарачката треба да ја исполни еден млад бармен кој очигледно чувствува притисок и голема одговорност во присуство на славниот менаџер, при што најголема нервоза му создава прашањето дали да ја „пресече“ пената на врвот од чашата.
Но, одговорот што му го дава неговиот поискусен колега, како и самиот бренд на крајот од рекламата, е: „Никогаш немојте да го сечете Erdinger“ (“Never Skim an Erdinger“).
Покрај на телевизија, спотот ќе биде емитуван и во кино-сали, а кампањата дополнително ќе вклучува и онлајн и out-of-home активности. Кампањата се реализира со помош на агенцијата MediaCom.