Агенцијата JWT Европа објави дека прави релокација (пренос) на својата афилијација за Адриатик регионот на агенцијата Греј, што истовремено значи и завршување на долгорочната и успешна соработка со Studio Marketing.
Овој потез е преземен со цел клиентите на JWT да добијат широк пристап до ресурсите на WPP преку агенцијата Греј, што истовремено е и клучен чекор во развојот на WPP мрежата во регионот.
Со новиот огранок на JWT со Греј ќе управува Јелена Билуш, која претходно ја водеше Studio Marketing во Хрватска.
Тони Тејлор, генералниот директор на JWT за Европа, по повод овој договор нагласи: “Постојат позитивни показатели во регионот со што очекуваме дека нашето партнерство со Греј ќе ни овозможи супериорна, интегрирана понуда за нашите постоечки клиенти и нова светла иднина. Со оглед на тоа што ние веќе имаме успешна соработка со Греј и предвидувањата се дека овој регион ќе има значителен раст, ова спојување претставува ново успешно поглавје за нас“
Никола Бубанј, извршниот директор на Греј за јадранскиот регион и Балканот, констатираше : “Комбинирајќи го JWT-евиот интегриран маркетинг и комуникациските способности со Греј-овата докажана експертиза, уверен сум дека нашата “избрусена“ услуга ќе им осигура на клиентите поголема успешност. Драго ми е што токму Јелена ќе биде нашиот водач на ова патување, личност која носи богато знаење и искуство, како и брилијантност, фантастично ангажирање и брзина во решавање на ситуациите. Таа ќе ни овозможи навистина инспиративно водство “
Накратко за JWT
JWT е еден од светски најпознатите брендови за маркетинг комуникации. Сместен е во Њу Јорк и претставува глобална мрежа со повеќе од 200 канцеларии лоцирани во преку 90 земји.Вработува повеќе од 10.000 маркетинг професионалци.
Некои од најпознатите клиенти на JWT се : Bayer, Bloomberg, Brand USA, Diageo, Ford, HSBC, Johnson & Johnson, Kellogg’s, Kimberly-Clark, Kraft, Macy’s, Mondelez, Nestlé, Nokia, Rolex, Royal Caribbean, Schick, Shell, Unilever, Vodafone, Vonage и др.
За повеќе информации можете да ја посетите нивната веб страна: www.jwt.com