Онлајн платформата за спортско обложување Paddy Power лансираше нова кампања за англискиот пазар посветена на претстојните Божиќни празници зачинети со фудбалската магија на Светското првенство.
Кампањата насловена „Where were you in ’22?“ („Каде беше ти во ’22?“) прави хумористична субверзија на Божиќните традиции, интерпретирајќи ги во духот на страсната навивачка култура на англиските фудбалски фанови. Оние кои го следат фудбалот подолго време, ќе забележат и повеќе суптилни референци кон минати светски првенства.
„За прв пат во нашите животи, љубителите на фудбалот и брендовите се соочуваат со судирот на Божиќните празници и Светското првенство кое се игра во зима. Тоа е непозната територија за сите нас. Во Paddy Power, тоа ни даде двојна можност да ги изненадиме и воодушевиме фудбалските фанови“ – посочи Мишел Спилејн, маркетинг и бренд директор за Paddy Power UK & Ireland.
Во централниот спот на кампањата се појавува и поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч, кој со итрина се обидува да му избега на еден вратар за да влезе во паб полн со англиски навивачи.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Droga 5 и продукциската куќа RiffRaff.